Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мултинационални компании давале мито во Грција

Мултинационални компании давале мито во Грција
Милион долари поткуп давале мултинационални компаниии за да добијат договори во Грција, пишува денеска грчкиот весник „Та неа“.  Податоците, кои се предадени на обвинителството, го опфаќаат периодот од 1997 до 2008 година, а станува збор за сума од над 26,4 милиони долари. Според весникот вмешани се најмалку пет компании, евидентирани на берзата во Њујорк и кои работат во сферата на медицинската опрема, телекомуникациите, автомобилската индустрија и тутунската индустрија.  А според документите на американското Министерство за правда компаниите признале дека поткупувале грчки политичари и високи функционери. Се очекува грчкото обвинителство да ја почне истрагата за откривање на идентитетот на лицата, кои добиле мито.
Слично

Поврзани вести