Мултимилијардерот Карлос Слим го презеде македонски ВИП
Најбогатиот човек на светот, Мексиканецот Карлос Слим и официјално ги известил македонските власти дека го презема телекомуникацискиот оператор ВИП.
Слим кон крајот на април стана доминантен сопственик во Телеком Австрија, фирмата која го поседува и македонскиот оператор. „Америка Мовил“ на Слим преку фирма-ќерка Карсо Телеком БВ со седиште во Амстердам, Холандија по маратонски преговори со австриската влада успеа да постигне договор со кој мексиканскиот бизнисмен сака да направи пробив на пазарот во Европа.
По преземањето, веќе е назначен и нов директор на Телеком Австрија - вчера беше објавено дека Зигмунд Мајерхофер ќе биде извршен директор на местото на досегашниот Ханс Чуден. Договорот со Чуден е раскинат три години пред неговото истекување, а тој функцијата ќе ја напушти на крајот на овој месец.
Слично
