Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мукаетов се засили со нови акции во Алкалоид

Мукаетов се засили со нови акции во Алкалоид

Голема раздвиженост на Македонската берза во последните неколку денови. Се зголемува трговијата на акции или поточно кажано компаниите и особено директорите купуваат акции од сопствените компании во големи количини со цел да изразат уверување дека очекуваат добри резултати во наредниот период.

Сега и Живко Мукаетов откупи акции од Алкалоид каде е Претседател на Управниот одбор и воедно Генерален извршен директор на фармацевсткото акционерско друштво.

Според информациите Живко Мукаетов се стекнал со 445 обични акции со право на глас издадени од Алкалоид АД Скопје.

Моменталната просечна цена на акциите на Алкалоид изнесува околу 7300 денари, што значи дека Мукаетов оваа трансакција го чинела околу 53 илјади евра. Со овие акции Мукаетов исто така ќе ја засили својата позиција и во Собранието на акционери на Алкалоид.

Алкалоид три години по ред доделува дивиденда од добивката на друштвото која исто така бележи нагорен тренд од 210 денари по акција во 2014 до 250 денари во 2016 година.

Слично

Поврзани вести