Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мукаетов: Извозот на македонски производи треба да расте!

Мукаетов: Извозот на македонски производи треба да расте!
Мора да придонесеме за подобри резултати на македонската економија, eнергијата мора да се насочи кон извоз на македонски производи, а сите ние во својот сегмент треба да помогнеме. Ова го истакна генералниот директор на „Алколоид“ АД Скопје и член на Одборот на директори на „Македонија 2025“ Живко Мукаетов по завршувањето на денешната панел дискусија „Глобално конкурентни македонски производи и услуги“,што се одржа во рамки на Глобалниот инвестициски самит во Охрид. Според Мукаетов, тоа што Македонија е мал пазар, не треба да претставува хендикеп, туку предност. - Евидентно е градењето мостови меѓу бизнисот тука и дијаспората надвор. Воедно е јасна и координацијата меѓу сите сегменти во општеството заинтересирани за подобра македонска економија што се потврди со присуството на владините претставници на Самитот, нагласува првиот човек на Алкалоид.
Слично

Поврзани вести