Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мукаетов докупи акции во „Алкалоид“

Мукаетов докупи акции во „Алкалоид“
Нови 1.445 акции во фармацевтската индустрија „Алкалоид“ докупи генералниот директор на компанијата Живко Мукаетов. Според информацијата доставена до Македонската берза, Мукаетов сега поседува околу 7% во „Алкалоид“. Вкупниот број на издадени акции на „Алкалоид“ изнесува 1.431.353, од кои 1.418.646 се со право на глас. Мукаетов купува нови акции во компанијата секоја година откако е на нејзино чело. Во западната бизнис етика ова се толкува како силен знак дека вложувањето во таа акција за сите надворешни инвеститори е посакувано и сигурно, а компанијата се оценува како просперитетна зашто нејзината управа во континуитет купува акции.
Слично

Поврзани вести