Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мухамед Зекири, Алсат М: Црвенковски со бојкотот си пукаше во глава, не во нога!

Мухамед Зекири, Алсат М: Црвенковски со бојкотот си пукаше во глава, не во нога!
  Политичките фрустрации на лидерите на двете најголеми партиија ВМРО ДПМНЕ И СДСМ, Груевски и Црвенковски скапо ќе ја чинат Македонија и нејзините граѓани.  Но, како што вели еден мој близок пријател доброто не може да стаса ако првин не ни се случи лошото, само да се надеваме дека после сето ова конечно ќе дојде доброто за граѓаните на Македонија. Добро, во сето ова инаетење е почетокот на крајот на еден транзиционен лидер каков што е Бранко Црвенковски, кој со последниве случувања само покажа дека кога е најтешко не може да се однесува државнички и да се надмине себеси, туку пред сѐ и пред сите ги стави личните интереси. Дека нема да успее да ги убеди ниту неговите најблиски соработници дека одлуката за бојкот на изборите е оправдана, најдобар показател е кандидатурата на Стевче Јакимовски од Карпош, кој во последен момент му сврте грб . Стевче нема да биде единствениот, туку ќе го следат и многу други соцјалдемократи. Ерата на Црвенковски заврши, време е и тој самиот за доброто на Македонија да сфати дека така го отвара патот многу полесно и побрзо да дојде крајот на владеењето на Груевски, кој ја држи во заложништво иднината на ова земја, да замине од тронот човекот кој по седум години владеење успеа да инсталира тоталитарен систем во земјава. Груевски со ништо не ја заслужува власта, но тој е таму затоа што нема вистинска понуда од опиозициската партија СДСМ на чело со Бранко Црвенковски. Некој се чуди зошто меѓународната заедница и по 24 декември продолжува да биде воздржана во изјавите и претежно ја критикува опозицијата, а не власта. Тоа е толку очигледно за сите, освен за луѓето во врвот на СДСМ . И тие и неопределените не гледаат никаква алтернатива во понудата и политиките на нивниот лидер Бранко Црвенковски . Во СДСМ има голем број угледни и паметни луѓе кои ќе знаат што значи одговорност, кои знаат што е најдобро за Македонија и нејзините граѓани кои знаат како треба да се дојде на власт нудејќи решенија за маките на граѓаните . Со бојкотот Црвенковски не си пукаше во нога, туку во глава . Тоа е неговиот последен патриотски чин за оваа наша Македонија. Мухамед Зекири, главен и одговорен уредник на Алсат М Фактор Ви ги претставува мислењата на македонските новинари во однос на претстојните локални избори. Не мора да значи дека ставовите на новинарите ја одразуваат уредувачката политика на Фактор, но и сега и во иднина ќе правиме се овие ставови да бидат достапни за нашата читателската публика, како придонес во развојот на економската и политичка дебата.
Слично

Поврзани вести