Мугабе луксузно го прослави 92-от роденден
Роберт Мугабе, претседателот на Зимбабве во саботата со забава која чини околу милион долари го прослави својот 92 роденден.
Мугабе се заблагодари на неговите приврзаници за организирањето на оваа забава, а во негова чест беа пуштени 92 балони, имаше поетски читања, песни, поканети беа видни личности, дипломати и други. Славеникот ја пресече тортата налик на стари урнатини по кои Зимбабве го добила името.
Од Движењето за демократски промени кои се негови политички противници, кажаа дека парите потрошени за забавата можеле да се искористат за ублажување на последиците од сушата која погоди делови од земјата. Мугабе е единствениот лидер на Зимбабве од нејзината независност од Велика Британија во 1980 година. И покрај возраста, и покрај тоа што е најстар лидер во Африка, Мугабе нема намера да се повлече од политиката.
Слично
