„Мудис“ го намали грчкиот кредитен рејтинг
„Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Грција за 1 степен до „Caa2“ или „junk“ (ѓубре), пренесоа светските новински агенции.
Само 2 оценки надолу значи „банкрот“, додаваат агенциите.
Перспективата е негативна и е можно ново „фрустрирачко сценарио“, сметаат од „Мудис“.
Мотивот е растечката несигурност дека Атина ќе постигне договор со меѓународните кредитори.
Преговорите немаат напредок, иако декларираната желба и на двете страни е да се постигне брз таков договор.
Се појавија сериозни сомневања дека земјата може да излезе од еврозоната и да се врати на драхмата.
Слично
