Муцунски: Преговорите со САД за царинските тарифи се од доверлив карактер
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на новинарски прашања денес одговори дека преговорите со САД за царинските тарифи се од доверлив карактери дека засега не може да изнесе повеќе детали, освен тоа што беше најавено - дека за другата страна тие ќе бидат нула осто, а за нашата 15 проценти плус бесцарински за одредени производи.
- Преговорите помеѓу двете држави се од доверлив карактер во моментов. Тоа што можам да го кажам е дека највисоките тарифи ќени бидат 15 проценти,тпо е пониско не само од повеќе земји од светот,туку и од регионот. За неколку клучни производи и индустрии ќе има тарифни рати под 15 проценти.
Како добра волја во соработката помеѓу двете страни, веќе имаме производи кои што се извезуваат кон САД а веќе имаат тарифи кои што се пониски од 15 проценти. Тоа го сметам како колективен успех на владата.Фактотошто одлучија да дадат приоритет за нас како помала држава, е директен одговор на прашањето што значи ова стратешко партнерство и специјални релации. Верувам дека од тоа бенефит ќе види и македонскиот бизнис.
Процесот на преговори помеѓу двете држави е класифициран како доверлив и жалам. Доверливоста мора да ја заштитиме. Повторувам, документот ќе биде јавно објавен во прав момент, Веројатно ќе треба да помине собраниска процедура, така што сите ќе видиме што конкретно тоа ќе значи за нас, рече Муцунски.
