Економија, финансии, бизнис

Контакт

Муареми: УФП работи на предмети од Скопје 2014 кои згради се под лупа?

Муареми: УФП работи на предмети од Скопје 2014 кои згради се под лупа?

Проектот Скопје 2014 е голем проект а Управата за финансиска полиција досега доби неколку наредби и сознанија, вели првиот човек на таа институција Арафат Муареми во интервју за Фактор.

Муареми посочува дека покрај предметот за мостот Око кој имаше завршница, има уште неколку слични предмети меѓу кои ги набројува и Филхармонија, Водовод и на Државен архив. 

„Не застануваме, продолжуваме со испитување во случајот Скопје 2014. Детали не треба да се соопштуваат, но многу од наодите ќе ги имаме набрзо“, открива Муареми .

Првиот човек на финансиската полиција потврди дека до нив е доставен предмет за  случајот катна гаража кај НИП Нова Македонија, посочувајќи дека ќе се побара и увид во судскиот предмет за да се добие јасна слика што реално се случувало и дали има штета на буџетот.

Целото интервју прочитајте го овде.

Слично

Поврзани вести