Мухамед Зеќири ќе биде член на Централниот одбор на СДСМ
Мухамед Зеќири, ќе биде член на Централниот одбор на СДСМ, одлучиле вечерва во партиското тело кое во моментов заседава, дознава неофицијално Фактор.
Освен ова Централниот одбор на СДСМ треба да донесе одлука, и кои ќе бидат министрите и дополнителните заменици министри во преодната владата.
Се очекува да биде одлучено, повторно истите кадри, Спасовски, Ременски, Наумов, Кирацовски и Николовски да седнат во министерствата за внатрешни, труд и социјала, финансии, земјоделство и Министерството за информатичко општество и администрација.
Слично
