Економија, финансии, бизнис

Контакт

МУ ПОСАКУВАМ „БОНАЦА“ НА ПАНОНСКИОТ МОРНАР ВО НЕГОВАТА ВЕЧНА ПЛОВИДБА: Црногорскиот вицепремиер Абазовиќ со емотивна порака се прости од Балашевиќ

МУ ПОСАКУВАМ „БОНАЦА“ НА ПАНОНСКИОТ МОРНАР ВО НЕГОВАТА ВЕЧНА ПЛОВИДБА: Црногорскиот вицепремиер Абазовиќ со емотивна порака се прости од Балашевиќ

Познатиот пејач и текстописец Ѓорѓе Балашевиќ почина во вчера во болница, поради компликации од корона вирусот, а болката за таквата загуба на музичката и уметничката сцена на балканските простори не стивнува.

Луѓето од цела поранешна Југославија се збогуваат со него. Во Загреб пишуваа на кирилица во негова чест, а веста за неговата смрт ја пренесоа и американските медиуми.

Со емотивна порака на својот Твитер профил, се збогуваше и вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, кој му посака „бонаца“ на Балашевиќ во неговото вечно патување.

-Му посакувам бонанца на панонскиот морнар во неговото вечно патување. Тој нè научи да живееме слободно, украсени со соколово перје како урок против прангите. Животот е море!, Напиша Абазовиќ.

„Бонаца“ е термин што се користи на Медитеранот за означување на состојбата на морето кога е целосно мирно и тивко.

Ѓорѓе Балашевиќ почина на 68-годишна возраст, на Клиниката за инфективни болести во Нови Сад, каде претходните три денови се лекуваше од пневмонија.


Слично

Поврзани вести