Економија, финансии, бизнис

Контакт

МУ ГО ИЗВАЛКАА КОСТУМОТ - главниот преговарач на Приштина доби порака за заедницата на српските општини

МУ ГО ИЗВАЛКАА КОСТУМОТ - главниот преговарач на Приштина доби порака за заедницата на српските општини

Вицепремиерот задолжен за дијалог со официјален Белград, Бесник Бислими, доби чоколадна торта и милкшејк на својот костум. 

Со нив беше „почестен“ од активисти на вонпарламентарната Социјалдемократска партија на Косово (ПДС).  

На видеото кое беше споделено на твитер се гледаат активисти како пред влезот на зграда фрлаат парчиња торта кон Бислими, извикувајќи „честитки за Заедницата на српските општини“.

„Тие што го прифатија се радуваат! А ние, граѓаните на Косово, ќе се спротивставиме и масовно ќе бараме нивна оставка“, му порачаа активистите.

Бесник Бислими е вицепремиерот на Косово, и еден од водечките луѓе на косовската страна во преговорите меѓу Приштина и Белград.

На маса е германско-францускиот предлог за решение на косовското прашање, а во него, меѓу другото е вклучено и формирање Заедница на српски општини. На тоа остро се спротивставуваат граѓаните од Косово. 


Слично

Поврзани вести