Економија, финансии, бизнис

Контакт

Му дофрлале на министер по што се уапсени

Му дофрлале на министер по што се уапсени

Во Белград денеска се одржа протест на УГС Независност и Сојузот на самостојни синдикати на Србија под слоганот „Платите да станат, а младите да останат“, при што двајца активисти кои дофрлале на министерот за труд Зоран Ѓорѓевиќ се приведени, а потоа пуштени, пренесуваат тамошните медиуми. 

Дека дошло до инцидент потврдуваат и од движењето „Да не го давиме Белград“ од каде соопштија дека меѓу приведените е и еден нивни активист, поради вербален напад на министерот за труд.

Синдикатите бараат поквалитетни и побезбедни работни места, стопирање на нетранспарентната распродажба на ресурсите, зголемување на заработката, независност на судството, борба против корупција, пристап до јавни информации, независни медиуми и измена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Сидикатите тврдат дека на протестот имало 5.000 луѓе, додека официјалната бројка од полиција е 2.000.

Слично

Поврзани вести