Економија, финансии, бизнис

Контакт

МУ БИЛЕ ДУПНАТИ ТЕНКИТЕ ЦРЕВА, ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО И БЕЛИТЕ ДРОБОВИ: Го предозирале и со анестезија, младиот Марко почина поради страшни лекарски грешки

МУ БИЛЕ ДУПНАТИ ТЕНКИТЕ ЦРЕВА, ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО И БЕЛИТЕ ДРОБОВИ: Го предозирале и со анестезија, младиот Марко почина поради страшни лекарски грешки

Лекарските грешки го чинеа животот на младиот Марко Стојановиќ (30), татко на две деца, од Свилајнец, кој отишол во Општата болница во Ќуприја на рутинска колоноскопија само поради еден симптом, надуеност, од каде, за жал, никогаш не се врати.

Со упатство на лекарот од здравствениот дом, поради стомачни проблеми, Марко во понеделникот на 24. октомври пристигнал на преглед - колоноскопија кај гастроентерологот д-р Горан Г., во болницата во Ќуприја, со надеж дека ќе добие точна дијагноза, а потоа и терапија, која ќе му ги олесни маките.

На преглед дошол подготвен, добил анестезија и се се одвивало според протоколот, се до еден момент, во оној во кој докторот му го дупнал дебелото црево, а потоа и тенкото црево. Рутинскиот преглед за миг се претворил во борба за животот на Марко. Грешките на непрофесионалните лекари следеле една по друга.

За да може хирургот да му ги сошие цревата, морал да прими посилна доза на анестезија. Цревата му ги сошиле, а анестезиологот дал голема, можеби преголема доза, бидејќи Марко паднал во кома од која не можеле да го разбудат. Во неговиот организам се јавил електролитен дисбаланс, концентрацијата на натриум во крвта незапирливо растела. Итно е префрлен во операциона сала, хирургот го интубирла, но крајно нестручно, толку многу што му ги дупнал белите дробови.


Слично

Поврзани вести