Економија, финансии, бизнис

Контакт

МТВ утре треба да добие предизборен уредник

МТВ утре треба да добие предизборен уредник

Утре ќе се знае кој ќе биде предизборниот уредник на МТВ.

На лидерската средба, лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе го каже името на уредникот кој во предизборниот период ќе одговара за информативната програма на Македонската телевизија.

СДСМ претходно објави повик за пријавување на кандидати за ад хок-телото за следење на медиумите во предизборниот период и за одговорен уредник на МТВ.

Од партијата велат дека кандидатот веќе е избран. На лидерската средба треба да се дефинира дали се исполнети условите за одржување на избори на 11 декември.

Останува уште комплетирањето на ад хок-телото за медиуми во кое недостасува петтиот и последен член, Албанец. Членовите на ова тело предложени од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ,  веќе неколку дена не можат да се договорат меѓу Даут Даути и Сефер Тахири.

Со иста цел дд хок-телото и денеска ќе одржи состанок.

Според изјавите дадени од партиски претставници деновиве, тие очекуваат дека избори ќе има како што се планираше на 11 декември.

Слично

Поврзани вести