Економија, финансии, бизнис

Контакт

МТСП го најави законот за субвенционирање на придонесите на ЕНЕР

МТСП го најави законот за субвенционирање на придонесите на ЕНЕР

Министерството за труд и социјална политика ќе го подготвува предлог-законот со кој ќе се субвенционираат придонесите на платите на работниците кои ќе добијат зголемување на платите од работодавците.

Најавата на законското решение е вече објавена на Единствениот електронски национален регистар (ЕНЕР), а од МТСП велат дека со истиот ќе се уредува висината, условите и начинот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата 

„Целта е да се стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор преку финансиска поддршка за работодавачите кои ќе извршат зголемување на платата на вработените. Се наметна потребата од законско регулирање на мерка за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување како финансиска поддршка од Буџетот на РСМ“, велат од Министерството. 

На следната владфина владина седница ќе се најде ребалансот на буџетот, во која же биде една од мерките и за стимулација на општиот раст на платите. Новата министерка за финансии, Нина Ангеловска, која е прва жена министерка за финансии изјави дека ќе се разгледуваат ефектите на сите почнати и предложени реформи досега и потоа ќе се донесе одлука.

Министерството за економија и Владата на РСМ веќе најавија дека се работи на посебен закон за зголемување на платите во приватниот сектор, при што државата ќе ги покрие трошоците за придонесите.

„Со ребалансот на Буџетот, предвидуваме 40 милиони евра за нова економска мерка за поттикнување на растот на платите. Работодавците кои ќе ги зголемат платите на вработените до 100 евра, ќе бидат целосно ослободени од придонесите за пензиско и здравстено осигурување, државата ќе ги покрие тие трошоци за сумата за која е покачена платата. Со ова се сузбива сивата економија и давањето плати во кеш. Ова е мерка за забрзан раст на платите, но и за мотивирање на сите, особено младите луѓе, да останат во државата“, истакна премиерот Зоран Заев минатата недела.


Слично

Поврзани вести