Економија, финансии, бизнис

Контакт

МРЗНЕЊЕ ВО ДОМОВИТЕ: Студот тропна на студентските врати, кој ќе ја дочека зимата на топло?!

МРЗНЕЊЕ ВО ДОМОВИТЕ: Студот тропна на студентските врати, кој ќе ја дочека зимата на топло?!
Иако официјално почна грејната сезона, студентите во домот “Гоце Делчев”  се мрзнат под ќебиња. Велат деновиве кога утринските и ноќните температури се под нулата,  во ладната бетонска зграда е како во ладилник. Сеуште неисушените ѕидови од неодамнешните дождови и влагата по ходниците и собите,  според студентите дополнително го влошува престојот во домот. Иако надлежните најавија забрзана реконструкција која ќе се одвива во фази, по блокови, животот во студентскиот дом е под минималните стандарди и достоинство. Поради силни притисоци и закани да го изгубат своето легло, а од друга страна и поради нискиот семеен буџет дома, студентите стравуваат отворено да зборуваат за проблемите. Велат, ако некој јавно проговори за она што  ги мачи овие млади луѓе, веднаш “ќе лета” од домот. “Реално, условите се прилично лоши. Парно немаме уште, некои од вратите(на пр. Вратата од терасата кај мене) не се затвараат добро и е прилично ладно. Ходниците се ладни и постојано со влага. Ако ги спомнам вработените, тогаш има што да се кажи. Си дават за право да влезат во соба без да тропнат. На рецепција клучевите никогаш не се наредени и кога земаме клуч не не прашуваат за која соба земаме ниту пак кои сме. Да се грижеа надлежните  студентите да имат доволно легла, немаше да бидат одбиени голем број студенти со ниски примања кои во сите три круга ги исполнуваа условите.  ”-раскажува студентка од домот Гоце Делчев. 12108036_1686428334920782_5755047681278653868_n   Најалармантно е вели кога врне дожд. Понекогаш не помагаат ниту кофите и лонците бидејќи како што раскажува,  тече од сите страни. Минатата недела со вода биле полни кутиите со осигурачите за електрична енергија, па на екипите им требале часови за да го санираат проблемот со струјата. 12107867_1687207171509565_2066101782956579492_n “Кога има врнежи најалармантно е во блок А затоа што секој спрат е преплавен, а водата влегува и во сандачињата со кабли и осигурачи, па често паѓаат фазите.Во блокот В многу често снемува топла вода, а скоро падна таванот. Во блок Г има многу влага во собите. Најдобрите соби се без влага и со вода во чешмите. Прозорците се залепени пошо механизмите за отварање и за затварање не функционират.  На смеа со колегите си ги делиме маките, па секој ја раскажува од свој аспект својата мака”- вели студентката сместена во домот. Ладна и сува храна, бегаат и мачките! Мензата е вели приказна за себе. Ако имате среќа може и да најдете слободно столче, а  и топол оброк. Но честопати, раскажува, нема доволно храна или онаа што ја има е стоена и ладна. Затоа вели  и неколку кучиња и мачки кои биле редовни гости околу мензата  веќе со денови ги нема. 12094850_1687164824847133_8302785654678818561_o “Храната во ДСД “Гоце Делчев” е во помали количини и е без вкус. Таблите пред употреба ги бришеме сами со крпа која се користи од отварање до затварање и по малце мириса на влага. Се случува во мензата да се види и по некое животинче куче или мачка, а по масите има муви. Спрема капацитетот на домот има премалку маси и столици”-додава студенткатa која инсистира на анонимност. Тоалети –кенефи?! Тоалетите???....Тука според неа  доаѓа најлошиот дел. Стари, руинирани и најчесто со ладна вода, тоалетите вели  ја даваат вистинската  слика за условите во домот. Особено што се работи за млади луѓе кои имаат постојана потреба за лична хигиена. 12074588_1686428278254121_3983471211438044755_n “На секој крај од спратот има по еден тоалет. На секој спрат тоалетите што се наоѓаат лево од скалите(нискиот дел) се неупотребливи и шират лоша миризба. Ова неможе да се опише со зборови. Имаме колеги кои дури и не веруваа дека е можно да се живее вака. Но кога дојдоа и видоа дека неможе пристојно да се користи ниту тоалетот, веќе не се вратија по втор пат”-раскажува студентката. Читална- ладилник! Читалните и просторот за забава според раскажувањата на студентите се мисловна именка бидејќи во нив особено зимскиот период неможе да се помине ниту половина час. Просториите за читална велат  се мрачни, темни и ладни, па секој од нив учи по собите во кои претходно инвестирал на свој трошок колку- толку да ја реновира и среди својата соба како пристојно катче за живеење. 10014754_1687164841513798_4736803180688511196_o “Има читална во која нема доволно осветлување, од сред просторија виси неизолиран прекинат кабел кој стигнува на педа од клупите и нема затоплување, но затоа има промаја”-потенцира студентката од домот “Гоце Делчев”. Во пресрет на преселбата на студентите од блокот А во реновираниот блок Б, студентите ги повикуваат надлежните барем еден ден да преседат во овие услови во домот за полесно да ја разберат маката на идните академски граѓани кои како што велат сакаат да добијат можност за подобро образование и услови за живеење. “Неможеме сите да ја имаме привилегијата да си дозволиме стан под кирија” велат студентите бидејќи иако неколку години за време на студиите живеат во главниот град, многумина студенти неможат да си ги подмират основните режиски трошици и парите потребни за студирање. Ова велат е прескапа цена која ги натерала студентите  преку постојано објавување на фотографии од состојбата во домот  да проговорат за својот проблем. Надлежните уверуваат, се работи по предвиденото! Според надлежните реконструкцијата и санацијата во домот  се одвива според планираната динамика. Градежните работи во рамки на првата фаза, која предвидува реконструкција на блокот Б како најприоритетен, се целосно завршени. Исто така и опремата за овој блок. GE DIGITAL CAMERA Од следната недела ќе започне да се доставува и распределува мебелот  по спратовите, така што ќе започне и етапното преместување на студентите од блокот А, кој ќе биде следен што ќе се реконструира. Во првата половина на месец ноември ќе биде објавен тендер за избор на компанија изведувач на градежните работи, а се очекува и проектно решение за реконструкција и на останатите блокови, мензата и партерот. Целосната реконструкција на овој студентски дом ќе биде заокружена во 2017 година, за што ќе бидат инвестирани околу 6 милиони евра.  
Слично

Поврзани вести