МРТВ ќе го провери гласањето на Скопски фестивал
Македонската радио-телевизија, организатор на Скопскиот фестивал и избор на песна за Евровизија, се оградува од откриените малверзации при гласањето, за кои МВР сомничи четири лица.
„Направивме максимум во смисла на заштита од евентуални нерегуларности. Пораките чинеа 5 денари, а тоа го направивме со цел да поттикнеме и да овозможиме повеќе луѓе да се приклучат во гласањето. И она што е најбитно – овозможивме од еден телефонски број да може да се гласа само еднаш“, соопшти МРТВ.
Притоа јавниот сервис нагласува дека ќе ги почека резултатите од истрагата на МВР, но ќе направи и детална анализа на синоќешното телефонско гласање.
„Ваквите манипулации фрлаат сенка на Фестивалот, со што се нанесува голем удар на македонската забавна и народна музика“, нагласува МРТВ.
Истрагата на МВР покажа дека и најмалку едно лице од фирмата ангажирана да го организира телефонското гласање било вмешано во шемата за манипулација со системот.
(ВИДЕО) И лице од фирмата-организатор на телефонското гласање вмешано во скандалот „Скопски фестивал“
Слично
