Економија, финансии, бизнис

Контакт

МПЦ од надлежните побара милост за Вранишковски

МПЦ од надлежните побара милост за Вранишковски
Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, по вонредна седница, побара од надлежните органи на Република Македонија да покажат милост пред божиќните празници и да го ослободат од затвор поранешниот митрополит Јован Вранишковски. „Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква –Охридска архиепископија ги повикува надлежните власти на Република Македонија за милост во однос на затворениот поранешен митрополит Јован, кој и покрај престапите поради кои е осуден и одлежува затворска казна, во овие свети предбожикни денови, не треба да биде лишен од надежта за милосрдие“, се вели во соопштението на Синодот. Ваквото барање доаѓа по дводневната посета на Иларион Алфеев, еден од највлијателните митрополити на руската Православна црква кој прашањето на вранишковски го постави на дневен ред и на средбите со државниот врв во земјава. Тој и на претседателот Ѓорге Иванов и на премиерот Никола Груевски им ги пренел залагањата на РПЦ би сакале но не можат ништо да помогнат во македонско-српскиот црковен спор се додека Вранишковски е во затвор. Од РПЦ нагласуваат дека МПЦ би можела да добие статус на „самостојна“ црква, што подразбира висок степен на самостојност, но не и целосна автокефалност.
Слично

Поврзани вести