Економија, финансии, бизнис

Контакт

МПЦ: Свештениците да се пензионираат на 64 години

МПЦ: Свештениците да се пензионираат на 64 години
Пензионирањето на свештениците било тема на денешната седница на Синодот на МПЦ, при што било заклучено дека свештенството мора да го почитува законот и да заминува во пензија на 64 години. „Ако некој сака да го искористи правото за работа на дополнителни три години, во тој случај свештеникот би бил преместен од постојното место на служење, во друга парохија. Треба да се дадат можности на новите кадри кои чекаат да добијат вработување во редовите на свештенството на МПЦ“, изјави портпаролот на МПЦ, г. Тимотеј. За писмото на Српската православна црква и нивната намера да поведат црковно-судска постапка против поглаварот на МПЦ, архиепископот Стефан, Синодот заклучил дека тоа нема никаква важност во нашата држава. Расправата по ова прашање била започната, но ќе продолжи и на следните седници.
Слично

Поврзани вести