Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските попови сепак ќе може да користат Фејсбук

Македонските попови сепак ќе може да користат Фејсбук
МПЦ се повлече чекор назад,  ќе им дозволи на поповите и владиците да користат Фејсбук, но ограничено. Во текот на седницата на Светиот Синод, било дискутирано за овој проблем, при што е донесена одлука да се  ревидира неодамнешната одлука со која им забрани на свештените лица и на  монасите да користат социјални мрежи. Во текот на претстојната година ќе се допрецизираат работите, а за време на седницата владиците добиле препорака разумно да го користат Фејсбук. „Ќе се допрецизираат начините на кои ќе може да се користи оваа социјална мрежа со оглед на реакциите кои се појавија во јавноста откако беше донесена одлуката,“појасни денеска епископот Климент. Откако дојде до овој пресврт, токму на Фејсбук се огласи владиката Пимен кој отворено говореше и кога беше поставена забраната. Денеска на профилот на Европската Епархија, постирана е фотографија на Марк Цукерберг со карактеристичниот знак „LIKE“. Според извори од Синодот, во текот на седницата било истакнато и дека забрана за користење на Фејсбук немало, туку тоа било погрешно разбрано. Светиот Синод на МПЦ  во октомври наложи  свештенството да не користи Фејбук за да го „заштити од злоупотреби и од новиот феномен на исповед и интимни конверзации со младите луѓе“. Тогаш одлуката на Светиот Синод тогаш веднаш предизвика тензии меѓу повозрасните свештеници кои не го користат Интернетот и помладите свештени лица
Слично

Поврзани вести