Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЖНОСТ ШТО СЕ СЛУЧУВА ЕДНАШ ВО ЖИВОТОТ: Канада гради нафтовод за снабдување на Азија

МОЖНОСТ ШТО СЕ СЛУЧУВА ЕДНАШ ВО ЖИВОТОТ: Канада гради нафтовод за снабдување на Азија

Канада гради нафтовод за снабдување на Азија за да ја намали зависноста од американскиот пазар. 

Канада направи клучен чекор кон изградба на цевковод за снабдување на Азија со милион барели сурова нафта дневно, како дел од напорите за прекинување на зависноста од американскиот пазар, објави денеска британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Канада ја испорачува речиси целата своја нафта во Соединетите Американски Држави и таа учествува со 60 отсто во американскиот увоз на нафта, околу четири милиони барели дневно. Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека покраината Алберта доставила планови до Канцеларијата за големи проекти за започнување со изградба на цевководот до септември 2027 година. Цевководот би бил долг повеќе од 1.000 км и би се протегал до западниот брег на Британска Колумбија по траса што го следи коридорот Транс Планина што веќе води до брегот на Пацификот.

„Канада има можност што се случува еднаш во животот. Можност што ќе ја дефинира нашата иднина“, рече Карни со проценка дека тоа ќе поттикне повеќе од 200 милијарди канадски долари (123 милијарди евра) нови директни инвестиции, бидејќи Канада ја подобрува својата трговска позиција низ Азија.

Тој, исто така, објави дека Канада ќе го зголеми производството на течен природен гас за повеќе од трипати со развој на пет терминали во текот на следната деценија, а Отава ќе инвестира десет милијарди канадски долари (6,1 милијарди евра) за надградба на пристаништето Ванкувер.

Слично

Поврзани вести