Можно зголемување на старосната граница за пензионирање?
Меѓународниот монетарен фонд и препорачува на Владата да разгледа опција за зголемување на старосната граница за пензионирање.
До овие препораки доаѓа откако ММФ во најновиот извештај за земјава заклучил дека пензискиот систем е пред крах.
Во извештајот се констатира дека пензискиот систем се соочува значителна финансиска нерамнотежа поради стареењето на популацијата и намалување на придонесите.
ММФ од Владата бара и да имплементира политики за зголемување на активната работна сила и зголемување на придонесите.
Од оваа меѓународна институција исто така посочуваат дека и покрај намалувањето на стапката на невработеност истата е уште голема, а а во иднина се очекува таа да се намалува со побрзо темпо поради странските директни инвестиции.
Од ММФ исто така порачуваат дкеа приватниот сектор треба да се засили преку отстранување на пречките како што се пристапот до финансии и непредвидените промени во бизнис средината.
