Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можно ли е стапката од 5 отсто на ДДВ-то за струјата да остане и во иднина?

Можно ли е стапката од 5 отсто на ДДВ-то за струјата да остане и во иднина?

Пратениците денеска расправаа за поскапувањето на струјата и намалувањето на ДДВ-то. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денеска на расправа на Комисијата за финансирање и буџет, побара со амандман стапката од 5 отсто на ДДВ-то да остане и во иднина.

„Цената на струјата расте, цената на сите производи кои ги купуваме ќе порасне, инфлацијата расте, а јавниот долг се зголемува. Од владеачкото мнозинство цело време сме информирани пак дека цената на струјата нема да порасне, цената на производите нема да порасне, инфлацијата не се зголемува, а ова што се случува со јавниот долг било нормално, иако НБРМ алармира дека треба со огромно внимание да се постапува со сите овие процеси“, рече Муцунски.

Алијанса за Албанците и Алтернатива сметаат дека намалувањето на ДДВ за струјата претставува измама, затоа што сметките нема да се намалат, а граѓаните од лани веќе плаќаат повисоки сметки. Бараат за да нема нови покачувања на сметките за струјата, ДДВ-то од 5 отсто да не се зголемува во наредните десет години.

Од месецов за граѓаните важи поскапувањето од 12,3 отсто на струјата. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести