Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЖНО ЛИ Е ОД АПРИЛ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ДА СЕ ИСКАЧИ НА 18 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - ССМ бара тоа да се случи уште од јануари

МОЖНО ЛИ Е ОД АПРИЛ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ДА СЕ ИСКАЧИ НА 18 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - ССМ бара тоа да се случи уште од јануари

Сојузот на синдикатите на Македонија во рамките на активностите кои следат по одржаниот голем работнички протест, до Министерството за труд и социјална политика и Координаторите на пратеничките групи  во Собранието достави Предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата со кој предлагаат Минималната плата во бруто износ започнувајќи од јануари 2022 година да изнесува 26.476 денари или во нето износ 18.000 денари, а висината на минималната плата да не може да биде пониска од 60 отсто од просечната исплатена месечна нето-плата по вработенво последните три месеци, а објавена од Државен завод за статистика. 

„Предлагаме и платите на сите работници да се усогласуваат со порастот на минималната плата  согласно измените и дополнувањата на Законот за минимална плата кои сме ги предложиле, согласно Закон и колективен договор со што спирално ќе се зголемат платите на останатите работници“, велат од ССМ.

Тврдат дека покачувањето на минималната плата од нејзиното воведување по предлог на ССМ, до денес немало негативен ефект врз фирмите и Државата. Тоа не довело до отпуштање на работници, ниту до кратење на нивните плати. Довело само до повисока продуктивност, поради поголемата мотивација на работниците.

„Минималната плата спречува работниците да добиваат многу ниска плата и да живеат во сиромаштија, а очекувањата на работниците од пратениците се да работат во интерес на оние кои што ги бираат, а  Сојузот на синдикатите на Македонија ќе продолжи со подготовките преку штрајкувачките одбори и во зависност од резултатите и брзината на преговорите помеѓу ССМ, Собранието, работодавачите и Владата, а доколку нема резултат ССМ ќе повика на Генерален Штрајк кој ќе продолжи преку изразување на разни форми на изразување на работничкото незадоволство и синдикален притисок“, се вели во соопштението од ССМ.     

Според неофицијални информации од мнозинството во Собранието, до кои дошле ТВ 24, во планот на власта за временската рамка за овој закон е да важи од април, додека за недела неработен ден најавиле гласање уште идната недела.

Слично

Поврзани вести