Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можно ли е иновацијата на Ордановски од 350.000 евра да е плагијат?

Можно ли е иновацијата на Ордановски од 350.000 евра да е плагијат?

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) ќе испитува дали фирмата „Инфопројект“ на Ванчо Орданоски, брат на новинарот Сашо Орданоски, ги прекршила правата на интелектуална сопственост. Ова го тврдат од Фондот за „А1он“, откако во јавноста се појавија сомнежи дека фирмата на Орданоски, која доби над 240.000 евра од ФИТР, ќе изработува уред против загаденоста кој изгледа идентично како уред што веќе го изработува индиска компанија. 

На веб-страната на проектот на Орданоски, „Екомонитор“, првично стоеше фотографија од уредот, идентична со онаа на индиската вебстраница, со таа разлика што на македонската веб-страница беше избришано логото. Нeколку дена по објавување на информацијата дека станува збор за истиот уред, оваа фототографија беше отстранета. 

Слично

Поврзани вести