Можно ли е бродско поврзување на плажите во Охрид
Здружението на хотелиери ХОТАМ бара воведување на бродска линија од Радожда до Свети Наум до поврзување на целото крајбрежје. Од ХОТАМ предлагаат по воден пат сите населби да бидат достапни за туристите се со цел збогатување на туристичката понуда. На овој начин не само што ќе се намали сообраќајниот метеж туку и посетителите ќе можат да уживаат во убавините додека се возат по езерото, велат од таму.
И покрај преговорите години наназад од сето тоа сеуште ништо, бидејжи надлежните како изговор ги посочуваат препораките на „Унеско“ кои се против изградба на пристапни пристаништа во населените места.
Најбарани посети по воден пат се оние до Свети Наум, Заливот на Коските и стариот дел на градот.
Слично
