Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можно е да има и седми пакет мерки

Можно е да има и седми пакет мерки

Можно е да има и седми пакет мерки за помош на секторите кои се погодени од пандемијата. 

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека следат што се случува во текстилот и во кожарскиот сектор. 

„Императив ќе ни биде да излеземе од кризата со најмалку можни последици што значи да ги зачуваме сите работни места, но и да работиме да ги вратиме на пазарот на труд и тие кои ќе ги загубат своите работни места. Го спроведуваме петтиот пакет на економски мерки, а веќе излеговме и со шести. Ако е неопходни ќе следи и седми пакет за одредени дејности. Размислуваме, разговараме и гледаме можности дали и каков би требало да биде следниот пакет на поддршка“, рече Битиќи. 

Претходно имаше помош за фирми, работници, естрадни уметници и многу други. 

Слично

Поврзани вести