Можно е Авганистанците да добијат политички азил во Албанија
Албанија на Авганстанците ќе им понуди политички азил.
Топ Чанел oбјави дека на сите Авганистанци кои ќе дојдат во Албанија ќе им биде понудена можност да поднесат барање за политички азил. Нив веднаш по пристигнувањето ќе им биде дадена дозвола за престој.
Тие ќе бидат сместени во студентскиот центар во Тирана, како и во хотели во Драч и Берат. За таа цел во армискиот дел од аеродромот се поставени шатори, од пред неколку дена, кога беше најавено доаѓањето на првата група. Премиерот Еди Рама деновиве за италијански „Фогли” изјави дека Албанија ја отвори вратата за најмалку 3.000 Авганистанци.
Слично
