Можни се екстремни промени на валутите
Ако се зголемат каматните стапки во САД, и ако се намалат во Јапонија, ќе има драстични промени кај валутите.
Во тој случај истиот ден доларот во однос на јенот ќе зајакне за неколку проценти, а во идните месеци може тоа да биде дури и 10%.
Деновиве финансиските пазари ќе бидат поактивни од вообичаено, а тоа е така поради важни состаноци кај две од трите најмоќни централни банки, американската и јапонската. Ќе се одлучува за каматните стапки, а одлуката се очекува да биде соопштена утре со цел да имаат профит во наредните неколку месеци.
Овие две банки можат да донесат сосема спротивни одлуки, со што ќе придонесат за префрлање на капиталот од јени во долари.
Аналитичарите сепак смируваат дека овие две централни банки ги следат одлуките на другите централни банки за да нема големи отстапувања.
И Нов Зеланд во среда ќе носи одлука за каматните стапки, што исто може да се одрази на другите валути.
