Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЖНИ ПОПЛАВИ НА БАЛКАНОТ: Во две држави реките пред излевање

МОЖНИ ПОПЛАВИ НА БАЛКАНОТ: Во две држави реките пред излевање

На Балканот ќе има поплави. 

Во поголемиот дел на Словенија, поплави се очекуваат во западните и јужните краишта, а во текот на денешниот ден локално може да падне и до 100 милиметри дожд ма квадратен метар, предупредуваат метеоролозите.

Се очекува најмногу да порасне водостојот на Купа и реката Река, а во текот на денот и горниот тек на реките Сава, Драва, но и на Љубљаница и Випава.

Слична е ситуацијата и во Босна и Херцеговина, каде што Одделот за хидрологија на Сојузниот хидрометеоролошки институт на БиХ денеска издаде предупредување за опасност од изливање на  реките.

Предупредувањето е издадено, затоа што во наредните денови се очекуваат многу врнежи. Предупредувањето се однесува на притоките на Неретва – Дрежница, Лиштица, Буна, Требижат, Брегава, Крупа, басенот на реката Цетина, Купа, Уна, горниот дел од речниот слив на Босна.

Засега сите водотеци во БиХ се во рамките на нормалните граници и нема излевање од корита, а се уште се во сила одлуките за прогласување на состојба на природна катастрофа предизвикана од снежни врнежи за градот Ливно во општините Купрес, Гламоч, Босанско Грахово, Дрвар и Томиславград.

Црвен метео аларм е издаден и за Хрватска. 

Слично

Поврзани вести