Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можностите за инвестирање на Македонија пред италијанските бизнисмени

Можностите за инвестирање на Македонија пред италијанските бизнисмени
Владина делегација, предводена од министерот за странски инвестиции Џери Наумоф и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо, неделава ќе ги претставува можностите за инвестирање во Македонија на роуд шоу во централна Италија. Посетата и средбите со италијанските бизнисмени ќе траат пет дена, а почнуваат во регионите Емилија Ромања и Марке со средби со менаџери на неколку водечки компании за производство на висока технологија. Според најавите, ќе биде посетена и една глобална компанија, лидер во производство на машини за градежната и рударската индустрија.
Слично

Поврзани вести