Можноста за одложување на изборите ја разгледува ДИК
Има законски пречки за организирање на изборите, заклучија членовите на Државната изборна комисија на денешната седница.
Тие побараа одложување на изборите додека не се остранат тие пречки. Велат дека има нерамномерна големина на изборните единици и затоа е потребно да се измени Законот за избори. ДИК за ова ќе го информира претседателот на Собранието, кој треба да свика седница за да се измени законот. Воедно, ДИК констатира дека нема услови за организирање на избори во дијаспората, затоа што се пријавиле мал број гласачи.
Слично
