Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можност за селективно повлекување на аболицијата изгласаа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Можност за селективно повлекување на аболицијата изгласаа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Со 63 гласови „за“ ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ изгласаа можност за селективно повлекување на аболицијата.

Со  дополнувањата на Предлог-законот за помилување се предвидува нов член со кој се уредува можноста претседателот на државата да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување,  во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон при што претседателот не е должен да ја образложи одлуката.

Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до претседателот да достави барање за поништување на одлуката за негово аболицирање. Како што е наведено во Предлогот за дополнување претседателот е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето да ја поништи донесената одлука.

Слично

Поврзани вести