Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можност за самовработување на лицата со инвалидитет

Можност за самовработување на лицата со инвалидитет

Државата помага со грант од 270.000 денари за сите оние кои сакаат да почнат свој бизнис.

Заинтересираните од денеска можат да алицираат во центрите за вработување. Тие ќе можат да вработат најмногу уште двајца, при што за нив ќе добијат по 92.000 денари.

„Овие лица можат да добијат и еднократна парична помош, девет месеци од отворањето на нивната компанија, во износ од 20 просечни плати, финансиска поддршка од Агенцијата за вработување, и 100.000 денари за опремување на работното место согласно потребите. Исто така и дополнително ослободување од плаќање на социјални придонеси согласно законот“- објасни заменик- министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Ова е втор оглас за самовработување на лицата со инвалидност. За нив ќе има помош и за бизнис план и обука. За ваквите вработувања се обезбедени 49 милиони денари. Огласот нема ограничувања и ќе трае додека да се исполни бројката за која надлежните имаат средства.

Слично

Поврзани вести