Можни се нови послаби земјотреси, тврди Гаревски
Тој посочува дека ќе има потреси до 3-4 степени, кои ќе се почуствуваат, но според него нема место за паника.
„Иако луѓето сакаат да веруваат, но, дефинитивно нема никаква кореалција меѓу врнежи и поплави“ - вели Гаревски.
Синоќа во краток временски интервал имаше четири земјотреси во Македонија, при што паника се јави кај населнието во повеќе градови во Македонија.
Прво два земјотреси по 18 часот го потресоа југозападниот дел на Македонија, и беа со епицентар во кичевското село Вранештица. Тие беа со интензитет од 4,8 и 4,9 степени според Европската макросеизмичка скала.
Во 19.16 часот имаше земјотрес со епицентар на 9 километри југозападно од селото Слепче, со интензитет од 4,1 степен.
Земјотрес имаше и во 19.37 часот, со епицентар во селото Јанковец кај Ресен, со јачина од 3,2 степени по Рихтеровата скала.
