Може ли Македонија да заработува од обука на пилоти?
Во Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“, на комерцијална основа можат да се обучуваат и странци. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која заедно со премиерот Никола Груевски денеска го посети Центарот, смета дека тој има капацитет да се искористи и на овој начин.
„Станува збор за еден од најскапите тренинзи воопшто, бидејќи обуката на пилот може да чини и до еден милион долари од кандидат“, вели Јанкуловска.
Досега во Центарот, изграден во партнерство со „Елбит“, се обучуваат пилотите за потребите на македонската полиција и армија. Обука во него ќе треба да поминат и 12-те пилоти на полициски хеликоптер за кои МВР неодамна распиша оглас. До овој момент се пријавил 91 кандидат, меѓу кои и девет жени, а надлежните очекуваат пред истекот на финалниот рок овој број уште повеќе да се зголеми.
Слично
