Може ли Apple да го достигне она што ниедна друга компанија не го направила?
Во последните неколку недели барем петмина аналитичари ги обновија прогнозите за проценка на Apple. Прашањето што стои, е дали таа е најскапата компанија во светот.
Во меѓувреме акциите на Apple достигнаа рекорден врв од 117,57 долари, пред да затворат по цена од 116,31 долари. Оваа цена му дава на Apple пазарна капитализација од 680 милијарди долари, што е повеќе од Microsoft, Amazon, Netflix и Twitter, земени заедно. Прашањето е колку ќе заработи Apple од сето тоа и колку долго ќе трае овој тренд на пазарот.
Списанието Forbes истражува некои од трендовите кои работат за и против успехот на компанијата и се обидува да одговори на најинтересното прашање во моментов - може ли Apple да стане првата компанија во вредност од 1 трилион долари.
Руската револуција
Пред неколку недели статуата на Стив Џобс беше скршена во Русија, откако Тим Кук потврди дека е геј. Па, кармата е нешто забавно. Во моментов Apple е повеќе вреден од целата руска берза. Се разбира, тоа не се должи на анти-геј политиката на Владимир Путин, туку на комбинацијата од падот на рубљата, падот на цената на нафтата, како и поради малверзациите на руската економија. Сепак треба да се напомене дека една американска компанија која беше пред банкрот кон крајот на 90-тите години, сега чини повеќе од сите компании во Русија, пишува Forbes.
Да се потсетиме на 90-те години
Зборувајќи за 90-те - тогаш Microsoft беше на врвот и делумно го спаси Apple преку инвестиција во износ од 250 млн. долари. Оваа сума не беше ништо за производителот на софтвери кој на 30-ти Декември 1999 година достигна вредност од 619 милијарди долари. Иако изгледа дека Apple лесно го засени Microsoft, треба да се има предвид дека дури релативно малата инфлација во последните 15 години има значење. Тогашните 619 милијарди долари денес се еднакви на 882 милијарди долари.
Балонот дел II
Колапсот на Nasdaq, кој следеше во 2000 година, ги натера многу луѓе да се срамат од можно повторување на сценариото. Шефот на Business Insider Хенри Блоджет ги нарекува тогашните акции "фантастично скапи". Но, во споредба со 90-те години, акциите на повеќето големи технолошки компании не се толку скапи. Еден од мерките на пазарната проценка е односот цена / добивка на S & P. Во моментов тоа е 19,27. Apple, Microsoft и Qualcomm се под просекот. Google е над него, но со своите 29 поени е доста под резултатот на Microsoft од 1999 година. Како изгледа, овој пат работите се различни.
Нападот на Nasdaq
Иако Dow и S & P продолжуваат да достигаат историски врвови, единствениот индекс, кој не го прави тоа, е Nasdaq. На 10-ти март 2000 година тој ја затвори со 5049 поени, а во моментов е со околу 300 поени под овој резултат. Сепак изгледа екстремно блиску до овие вредности благодарение на многуте компании кои се вклучени во него. Во Nasdaq влегуваат некои од највредните компании, вклучувајќи ги Facebook, Google, Qualcomm, Intel и Cisco.
Откуп на акции
Токму за овие големи компании е тешко да се справат со предизвикот да ја натераат пазарната капитализација да расте. Зошто? Откупот на акции им одзеде голем дел од сопствениот капитал. Иако ваквите потези ги прават постојните акции повеќе вредни, тоа останува предизвик. Со оглед дека Apple потрошила 70 милијарди долари за откуп на акции во изминатите неколку години, резултатите поврзани со пазарната капитализација, се уште се поимпресивни. Загатката се крие во проста математика. Важно е да се знае дека Apple откупи голем дел од акциите по пониски цени отколку што тие се тргуваат денес.
Инвеститорите
Истовремено Apple сеуште е во немилост во однос на институционалните инвеститори. Компанијата претставува 3,8% од S & P 500 по пазарна капитализација. IBM, HP и Oracle пак се "премногу сакани" во споредба со Apple, иако имаат релативно сомнителна иднина.
1 трилион долари
За да дојде до очекуваните 1 трилион долари, Apple треба да направи бум со 47% во однос на сегашната цена на акциите. Разликата помеѓу денес и границата од 1 трилиони долари покажува зошто во минатото било толку тешко. Всушност инвеститорите сметаа дека до ова ниво можат да достигнат Cisco и Vodafone. Денес разумните луѓе сеуште тврдат дека на тоа се способни Micorosft, Google, како и Alibaba. Се разбира, никој од овие играчи не се приближува дури до Apple и таа е единствената компанија која има шанси да го постигне овој успех во блиска иднина.
Експанзија
Најголемиот предизвик е дека кога се покачува пазарната капитализација, се потребни повеќе пари, за да ја поддржат. Ако акциите на Apple во моментот беа за 30% поскапи, ќе беше потребно сливот на 190 милијарди долари, за да се одржи истиот процент на профит. Обемноста на потребните капитални текови беше џиновска пречка за остварувањето на слична пазарна капитализација во минатото.
Она што може да им помогне на Apple, е во почетокот на оваа година да лансира нов производ, каков што ќе биде Apple Watch. Неодамна компанијата го претстави и Apple Pay, а во 2015 година може да очекуваме и уште нешто ново од неа, што инвеститорите го гледаат како голема можност во иднина.
Ако сè се среди овој пат работите ќе бидат различни. Ако не, патот на Apple кон пазарна капитализација во износ од 1 трилиони долари ќе биде исполнет со пречки со кои таа постепено ќе мора да се соочи. Без разлика дали ќе биде одложувањето на пазарот или на самата неа, најверојатно нешто ќе се појави на патот.
K.K.
Слично
