Економија, финансии, бизнис

Контакт

Може да ги измамите секогаш – Трите најнаивни хороскопски знаци!

Може да ги измамите секогаш – Трите најнаивни хороскопски знаци!

Бик

Тие се осаменици и релативно тешки кога станува збор за односи со други луѓе. Биковите се многу внимателни за сите оние нешта кои се рекламираат, но доколку налетаат на личност во која гледаат пријател или потенцијален љубовен партнер тие без размислување се расфрлаат со парите.

Кога личноста која тој ја ценел ќе избега со неговите пари и веќе никогаш нема да му се јави, тој на најтешкиот можен начин ќе сфати дека е измамен.

Заљубениот Бик не прашува колку чини нешто пред да го купи тоа. Тој без проблем ќе позајми и 1.000 евра на личност која ја смета за блиска доколку верува дека со тоа ќе ги реши нејзините проблеми. Бикот без размислување ќе ви даде пари доколку верува дека имате искрени емоции кон него и доколку љубезно ветите дека ќе му ги вратите парите. Тоа што се познавате многу малку не игра никаква улога во неговата одлука.

Риби

Бидејќи поголемиот дел од нивниот живот го поминуваат во некаква паралелна реалност каде што владеат сосема поинакви закони, кои им се познати само ним, Рибите многу често стануваат ранливи на секојдневните измами.

Тие се најнаивни кога станува збор за понуди за брза заработка, бидејќи токму тоа е она за кое тие цел живот фантазираат. Овие луѓе не се подготвени целиот свој живот да вложуваат време и труд во банални нешта како што е работата и материјалната сигурност, но од друга страна, парите им се многу потребни. Можеби дури и повеќе отколку на останатите бидејќи апсолутно немаат чувство за штедење.

Лотаријата, слот машините и рулетот се како измислени за нив, како и сите оние работи од дома кои можат да ги извршуваат преку интернет, мислејќи дека животните проблеми и потешкотии можат да се решат со парите заработени од неколку кликови.

Вага

Верувале или не, знакот кој најмногу одмерува, ги проучува ситуациите и луѓето, оној на кој му е потребна цела вечност да донесе одлука е и оној знак кој најчесто паѓа на измами. Причината е малку необична, овие луѓе едноставно „касно палат“.

Без разлика од која причина вие ќе чукнете на нивната врата, тие веднаш ќе ви поверуваат во она што ќе го кажете и доколку набрзина ја завршите работата која сте ја намислиле и не им дадете простор да сфатат за што навистина станува збор, вие можете да се извлечете со сè што ќе намислите. Доколку го земете предвид нивното бавно однесување, брзо ќе заклучите дека вагата е идеална „овца за стрижење“. Тие со тек на време ќе сфатат дека се измамени, но тогаш веќе ќе биде доцна.

Нивниот мозок е премногу зафатен со обработката на различни информации и прашања, што многу често немаат капацитет да размислуваат и за она што во моментот им се случува.

Слично

Поврзани вести