Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можете ли да замислите живот без готовина?

Можете ли да замислите живот без готовина?

Повеќе од третина од Европејците со задоволство би се откажале од готовина и би се потпреле само на е-плаќање, кога би можеле.

Тоа го покажала студија на ING банка. Истражувањето опфатило повеќе од 15 000 испитаници и покажало дека повеќе од половина на таа бројка користат помалку готовина во последните година дена. 78 отсто од нив сакаат да користат помалку пари и во наредните 12 месеци.

Со оглед на брзиот развој на безготовински платни системи, како и популарноста на дигиталната валута, иднината на готовите пари е пред знак прашање.

Исто така, трендот покажува дека се поголем број на банки имаат во план да го промовираат безготовинското плаќање.

„Општество без готовина можеби не е целосно можно во блиска иднина, но барем дел од европското население би можело да го прифати новиот тренд“, рекол економистот Јан Брајт.

Според неговите зборови, уште е голем јазот помеѓу оние кои го менуваат својот начин на плаќање и оние кои штедат во готовина. 

Истражувањето покажало и дека Британците најмалку се подготвени да се откажат од готовина.

Слично

Поврзани вести