МОЖЕ ЛИ СВИНСКИОТ ЖЕЛАТИН ДА СТАНЕ ПРОБЛЕМ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ - муслиманите од БиХ добија порака од Исламската заедница
Исламската верска заедница на Босна и Херцеговина им порача на своите припадници да не ги користат вакцините против коронавирусот кои содржат состојки од свинско потекло.
Свинскиот жалатин се користи како стабилизатор во текот на транспортот и складирањето на вакцините. На муслиманските верници, инаку, строго им е забрането консумирање свинско месо и производи од ова животно.
„Муслиманите се должни да се определат за вкацините кои не ја содржат таа компонента (свинскиот желатин), а се ефикасни во лекувањето на коронавирусот“, соопшти кабинетот на поглаварот на Исламската заедница во БиХ, пренесе порталот Klix.
„Доколку не постои друг избор, последниот збор за тоа треба да го даде струката, фармацевтската и шеријатско-правната“, се додава во соопштението.
Сепак, Исламската заедница конечниот став за тоа ќе го заземе откако ќе биде запознаета со резултатите од лабораториските анализи.
Објавата од Сараево доаѓа ден откако Британското муслиманско медицинско здружение во петокот извести дека свинскиот желатин веројатно ќе биде застапен во повеќето вацини поради големата побарувачка, постојните синџири на набавка, трошоците и покусиот рок на траење на вакцините, а поради забрзаното производство на што поголем број дози, компаниите не можат да гарантираат дека во нивните вакцини нема да има свински желатин.
