Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЖЕ ДА ДОБИЕ ЗАТВОР ДО ПЕТ ГОДИНИ: Уапсена Словенката чие дете почина во прегреан автомобил

МОЖЕ ДА ДОБИЕ ЗАТВОР ДО ПЕТ ГОДИНИ: Уапсена Словенката чие дете почина во прегреан автомобил

Словенечката полиција ја уапси мајката на детето кое почина во прегреан автомобил. 

Немилиот настан се случи во Свети Ловренц. Уапсен е и нејзиниот партнер. Нив им е одреден 48-часовен полициски притвор. Како што јави РТВ Словенија, се работи за дете кое имаше неполни две години. Детето најмалку два часа било затворено во автомобилот во дворот пред куќата. И покрај укажаната прва помош, детето починало.

Како што вчера за ТВ Словенија изјави помошник-началникот на секторот за криминалистичка полиција на Полициската управа Цеље, Алеш Слапник, мајката и нејзиниот партнер веќе се во притвор поради сомнение за кривично дело предизвикување смрт од небрежност, за што им се заканува казна од шест месеци до пет години затвор.

Слично

Поврзани вести