Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЖЕ ДА БИДЕ И ВАША ЗА ЕДНА МАЛКУ „ПОДЕБЕЛА“ СУМА - во Скопје е, еве ги другите детали

МОЖЕ ДА БИДЕ И ВАША ЗА ЕДНА МАЛКУ „ПОДЕБЕЛА“ СУМА - во Скопје е, еве ги другите детали

Цените на недвижнините во земјава постојано се во пораст. Најскапи се оние во главниот град, каде цена за метар квадратен може да достигне и до 3.000 евра. 

Главна улога за цената играат многу фактори, од местоположбата, квадратурата, старо или ново, луксузно или просечно...

Интересно е тоа што за оној кој продава е малку, а за оној кој купува е многу. Отсекогаш било така. Но, никој не ве принудува, цените се тие, па одлуките се ваши.

Факт е дека во Скопје има прекрасни куќи налик на палати или ултра модерни. Но сопствениците од разни причини ги продаваат, а тоа најмногу се гледа на сајтовите за недвижнини каде има се и сешто и сеџе од јавен карактер.

На сајтот Реклама 5 наидовме на вила која остава без здив. Секако, скапа е и луксузна. 

Вилата се наоѓа во Сопиште со панорамски поглед кон градот, сместена во јужниот дел на Водно на само 8км од Скопје. Располага со вкупна површина од 850м2, приземје и 2 ката и дворна површина од 1200м2 со хортикултурно уреден двор и базен.

Вилата има 5 спални соби, паркинг за 4 возила, фитнес сала и спа - центар, џакузи и сауна.

ЦЕНА: 1. 200.000 евра

Извор: Машки магазин

Слично

Поврзани вести