Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мотото на годинешното одбележување на 2 Август ќе биде „Од сон до сонце“

Мотото на годинешното одбележување на 2 Август ќе биде „Од сон до сонце“

„Од сон до сонце“ - со ова мото оваа година ќе биде одбележан празникот Илинден, на кој се слави јубилеј 70 години од АСНОМ и 111 години од Илинденското востание.

- Она што го изградиле нашите предци е најцврст темел на којшто ја градиме нашата иднина. Сонот за којшто тие се бореле е слободата која што денес ние ја живееме. Да продолжиме да се движиме напред кон сигурна иднина затоа што секоја наша нова победа денес е нов Илинден за следните генерации. Тоа е пораката која што сака Република Македонија да ја испрати оваа година во врска со одбележувањето на 2 Август и на тој начин симболички да се поврза минатото, сегашноста и иднината како најдобар ориентир овие вредности коишто биле промовирани во минатото да се искористат во актуелната ситуација, со цел да се обезбеди подобра иднина за сите граѓани на Македонија и подобар развој на нашата земја, рече на дненешната прес конференција владиниот портпарол Александар  Ѓорѓиев.

Тој додаде дека во одбележување на програмата ќе бидат вклучени Сојузот на борците од НОБ, Македонската академија на науките и уметностите, националниот сервис МРТ, а со свои активности ќе се вклучат и сите општини во Републиката.

На централната прослава во Скопје ќе се обрати претседателот на државата Ѓорге Иванов, на собирот во Крушево ќе се обрати претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а во Пелинце премиерот Никола Груевски.

И годинава ќе биде организиран бесплатен превоз за сите граѓани кои ќе сакаат да присуствуваат на прославите по повод 2 Август во Крушево и во Пелинце. Распоредот на тргнување на автобусите ќе биде објавен во текот на неделава.

Слично

Поврзани вести