Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОТ и ЕБОР ја советуваат Северна Македонија за пазарот на трудот по корона вирусот

МОТ и ЕБОР ја советуваат Северна Македонија за пазарот на трудот по корона вирусот

За сериозниот удар на пандемијата, потребна е голема државна интервенција

·  Работната група на МОТ и ЕБОР даде 11 препораки за пазарот на трудот за Северна Македонија

·  Чекори што треба да се спроведат со олеснувањето на мерките на вонредна состојба

·  Пандемијата сериозно влијаеше на локалниот пазар на трудот

Целта на препоракитесоставени од заедничката работна група на Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на барање на Економско-социјалниот совет, е зачувување на работните места и заштита на бизнисите.

Извештајот „Брза процена за влијанието од Ковид-19“, кој денес се објавува и е презентиран на надлежните органи, синдикатите и работодавачите, содржи низа предлози за остварување на таа цел. Истиот е изработен со финансиска поддршка на Европската Унија, во рамките на проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, имплементиран од Меѓународната организација на трудот.

Опциите за проширување на заштитата на работниците и семејствата вклучуваат:

·  Воведување на привремена проширена поддршка во случај на невработеност, со плаќање на паушален износ на месечно ниво во времетраење од најмногу 6 месеци;

·  Воведување на проширена категорија на фирми кои би се квалификувале за мерките за задржување на работните места;

·  Проширување на периодот на програмата за задржување на работните места со вклучување на втората половина од март до крајот на јуни;

·  Дополнително проширување на критериумите за квалификување за гарантираниот минимален приход;

·  Воведување на паушален износ на субвенции за режиски трошоци/електрична енергија за домаќинствата со ниски приходи.

Опциите за активни мерки за вработување вклучуваат промовирање на шеми за делење на работното место, ротирање на работното место и шеми за стажанти, како и инвестирање во дигиталната економија. Начините за поддршка на претпријатијата вклучуваат поголем пристап до финансии, административна поддршка и социјален дијалог меѓу засегнатите страни.


Слично

Поврзани вести