Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОСТ: ВМРО-ДПМНЕ освои 63 пратеника

МОСТ: ВМРО-ДПМНЕ освои 63 пратеника
Врз основа на податоците добиени од ПВТ програмата за паралелно пребројување на гласовите на Граѓанската асоцијација МОСТ одѕивот на гласачките места на претседателските бил 54,35%. Процентот на неважечки ливчиња е 3,6%. Од важечките ливчиња, за гласовите за кандидатите за претседател добиени се следните резултати: Ѓорге Иванов – 57,2% Стево Пендаровски – 42,8% Одѕивот на парламентарните избори по изборни единици е следен: ИЕ 1 – 65,45% ИЕ 2 – 60,87% ИЕ 3 – 70,51% ИЕ 4 – 73,04% ИЕ 5 – 61,28% ИЕ 6 – 50,31% Според обработените податоци од ПВТ примерокот, со можност за грешка од +/- 2%, распоредот на мандати е следен: Изборна единица 1 Коалиција ВМРО ДПМНЕ - 9 Коалиција СДСМ - 7 ДУИ - 3 ДПА - 1 Изборна единица 2 Коалиција ВМРО ДПМНЕ - 10 Коалиција СДСМ - 5 ДУИ - 4 ДПА - 1 Изборна единица 3 Коалиција ВМРО ДПМНЕ - 13 Коалиција СДСМ - 7 Изборна единица 4 Коалиција ВМРО ДПМНЕ - 12 Коалиција СДСМ - 8 Изборна единица 5 Коалиција ВМРО ДПМНЕ - 12 Коалиција СДСМ - 6 ДУИ - 2 Изборна единица 6 ДУИ – 9 ДПА – 5 Коалиција ВМРО ДПМНЕ - 4 Коалиција СДСМ - 1 НДП - 1 Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање го следеше со 1.712 набљудувачи, кои покрија над 50% од избирачките места на територијата на Р. Македонија, односно 50% од гласачките места во рамките на секоја општина.
Слично

Поврзани вести