Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОСТ: Семејно гласање, фотографирање ливчиња, прекини

МОСТ: Семејно гласање, фотографирање ливчиња, прекини
Неправилности со прекин на гласањето, случаи на семејно гласање, фотографирање гласачки ливчиња, некористење УВ ламба и невидливо мастило, се дел од неправилностите забележани досега од набљудувачите на МОСТ. Еве што нотираа набњудувачите: - Гласачко место 0845 во општина Кочани, гласањето било прекинато од 8:20 до 10:20 часот поради тоа што во Избирачкиот список недостасувале 5 листа. Гласањето продолжило откако ОИК донел нов извадок на Избирачкиот список. Гласањето на ова место по 19 часот ќе биде продолжено за два часа. -Гласачко место 1734 во општина Струмица, имало прекин на гласањето од околу 1 час поради тоа што гласач при обидот да го пушти ливчето во кутијата, го искршил капакот на истата. Била повикана ОИК и полиција, по увидот капакот бил сменет и било решено гласањето по 19 часот да продолжи за 1 час. Пред истото гласачко место регистрирани се неколку истрели во воздух. -Гласачко место 1917 во Велешта општина Струга, забележани се 32 случаи на семејно гласање. Во гласачкото место е забележано и  присуство на неовластени лица, 4 случаи на јавно гласање, како и 3 наврати во кои едно исто лице гласало во име на 9 други. -Гласачко место 0406 општина Гостивар, имало прекин од 40 мин. Поради тоа што позади параванот било најдено гласачко ливче. Повикана е ОИК и по нивно доаѓање на гласачкото место е разрешен претседателот на ИО. ОИК дала инструкција по завршување на гласањето да се одлучи дали гласачкото ливче ќе биде важечко или не. -Гласачки места 0071 и 0072 општина Битола како и 0518 и 0519 општина Гостивар, членовите ИО не ги носат потребните беџови, - Гласачко место 1730 општина Струмица како и 0372 и 0373 општина Богданци, на глас се читаат имињата на гласачите. Во 3 гласачки меска во општина Гостивар забележани се педесетина случаи на семејно гласање, во општина Ѓорче Петров забележан е гласач кој го сликал ливчето со телефон по што реагирал ИО и ливчињата се прогласени за неважечки. Во Тетово пак на едно гласачко место забележани се 18 случаи на некористење на УВ ламба, 34 случаи на некористење на невидливото мастило како и 24 случаи на семејно гласање, посочуваат од МОСТ.
Слично

Поврзани вести