МОСТ: Регистрирани стотина случаи на семејно гласање
Граѓанската асоцијација МОСТ излезе со нови забелешки за евидентирани нерегуларности од страна на нивните набљудувачи. Најголеми забелешки има околу случаите на семејно гласање.
Ова се забелешките на МОСТ:
-На гласачките места 0276, 0277 и 0279, општина Пласница, е забележено системско прекршување на процедурата на гласање. Забележани се повеќе од 60 случаи на семејно гласање и систематско на некористење на УВ ламба.-На гласачко место 1.583, општина Радовиш, забележани се повеќе од десет случаи на семејно гласање, како и случај во кој едно лице им помага за гласање на повеќе лица.
-На гласачкото место 1.906 село Лабуништа општина Струга забележани се исто така повеќе од десет случаи на семејно гласање.
-Во струшкто село Лабуништа, на гласачкото место 1.908 забележани се 14 случаи на семејно гласање, а на гласачкото место 1.905 набљудувачите евидентирале повеќе од 35 случаи на семејно гласање. -Повеќе од 35 случаи на семејно гласање исто така се забележани и на гласачкото место 1.999 во општина Тетово. -На гласачко место 1.253 во Охрид регистрирани се два случаја во кои на гласачките ливчиња имало кандидат од друга општина.-На гласачко место 1.537, во општина Пробиштип, на едно лице му е дадено да гласа пред да се провери во избирачкиот список и додека тој бил зад параванот одборот утврдил дека тоа лице не е на списокот. Ливчињата се поништени и е направен записник.
-Параван за гласање на гласачкото место 0937, општина Кратово имал отвор поради што е нарушена тајноста на гласањето. -На гласачко место 0845, општина Кочани имало петнаесетминутен прекин поради расипани УВ ламби. Тие се поправени и гласањето продолжило. -На гласачкото место 0678, во општина Кавадарци, партиски набљудувач правел список со гласачи бидејќи се читаат на глас. По реакција на останатите членови на Избирачкиот одбор и набљудувачите, списокот му е одземен и скинат по што гласањето продолжило. -Според набљудувачите на МОСТ, на гласачкото место 2.563, општина Ѓорче Петров, набљудувач од политичка партија во седум случаи им помагал на гласачите при гласањето и им сугеририрал за кого да гласаат.-На гласачко место 2.916, во општина Чаир, гласач не бил запишан во избирачкиот список, а му било дозволено да гласа.
-На гласачкото место 2.613, во општина Карпош, е регистрирано неовластено присуство на носител на кандидатска листа во објектот.
-На три избирачки места во општините Центар и Кратово е забележано читање на глас на имињата на гласачите
