МОСТ: Прекин на гласањето во Бутел, десетици случаи на јавно и семејно гласање
За нови пропусти во текот на денешното гласање јавуваат набљудувачите на Граѓанската асоцијација МОСТ. Тие во повеќе сличаи евидентирале непочитување на процедурата за гласање на слепи и неписмени лица, прекин на гласањето во Бутел, случаи на семејно гласање во Струга, фотографирање гласачки ливчиња, некористење УВ ламба, јавно гласање.
Во општина Бутел и Шуто Оризари, членови на ИО во десет случаи помагале на слепи и неписмени лица. Во Струга пак забележани се нови 22 случаи на семејно гласање, 8 случаи на непочитување на процедурата за гласање на слепи и неписмени лица, како и 10 случаи на јавно гласање. Вакви случаи зе забележани и во месноста Велешта во општина Струга, но и во Гостивар.
„Гласачко место 0438 општина Врапчиште на еден гласач му е дозволено да гласа иако го немало во Избирачкиот список. Неговата изјава била дека таму гласал во првиот круг, па ИО се договорил да му дозволи да гласа. На ова место исто така се забележани и 11 случаи на семејно гласање. Гласачко место 0838 општина Кочани, забележано е сликање на гласачкото ливче и направена е забелешка во записникот на ИО.Гласачко место 0412 општина Гостивар, се читаат на глас имињата на гласачите.“посочуваат од МОСТ.
Од МОСТ забележале и 10 случаи на гласачко место 2154 во општина Велес каде на гласачите не им бил проверен десниот палец со УВ ламба.Исто така на гласачко место 0843 во општина Кочани, пронајдено е заокружено гласачко ливче позади параванот со печат од соодветното ГМ. Ливчето е ставено на страна, а ИО ќе одлучи за тоа дали ќе се третира како неважечко по завршување на гласањето.
Во општина Бутел, пак членовите на ИО забележале дека од кочанот за градоначалник на општината има едно ливче помалку од оној кочан за градоначалник на град Скопје. Гласањето било прекинато 15 мин, по што е направен записник и е решено за ова да се одлучува по завршување на гласањето.
Слично
